ЕМА: Две дози од вакцина штитат против делта сојот
Изгледа дека во моментов четирите вакцини одобрени од Европската унија штитат од сите соеви кои се раширени во Европа, па и од делта сојот – велат од СЗО.
Две дози од вакцина против ковид-19 изгледа штитат од многу зарзаниот делта сој на коронавирусот, објави Европската агенција за лекови.
– Податоците кои се појавуваат, а се добиени од конкретни докази, покажуваат дека две дози од вакцина штитат од делта сојот – изјавил Марко Кавалери, задолжен за стратегијата за вакцинација во ЕМА.
Бројот на заразени со ковид-19 расте во Европа од минатата недела, по десет недели, соопшти европскиот уред на Светската здравствена организација, додека се шири бранот на зараза со делта сојот.
– Изгледа дека во моментов четирите вакцини одобрени од Европската унија штитат од сите соеви кои се раширени во Европа, па и од делта сојот – велат од СЗО.
ЕМА во ЕУ ги одобри за употреба четирите вакцини Фајзер/ Бионтек, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.