„ЕМ-ТИ-ВИ“ ГО ЦЕНЗУРИРАШЕ НАСТАПОТ НА „МАНЕСКИН“ Дамиано Давид пееше со гол задник (ВИДЕО)
Бендот на доделувањето го изведе својот последен хит „Supermodel“. Фронтменот на бендот Дaвид го зачини настапот со интересен аутфит кој го покажа неговиот задник.
Обожавателите на италијанскиот бенд „Манескин“ останаа многу разочарани при емитувањето на нивниот настап на музичките награди на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди.
Имено, „Ем-ти-ви“ ги цензурираше повеќето настапи на минатогодишните победници на Евровизија. На овие награди за првпат настапи италијанскиот глам рок-бенд, составен од пејачот Дамијано Давид, басистката Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи и тапанарот Итан Торчио.
Бендот на доделувањето го изведе својот последен хит „Supermodel“. Фронтменот на бендот Дaвид го зачини настапот со интересен аутфит кој го покажа неговиот задник.
Набргу потоа, гледачите забележале дека телевизиската мрежа почнала да снима широк кадар од салата во Њу Џерси, наместо крупни снимки од настапот на бендот одблиску, пренесува „Индепендент“.
Обожавателите го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи: „Цела ноќ чекав да ги гледам „Манескин“ на видеомузичките награди, а „Ем-ти-ви“ покажа две секунди од вистинскиот настап?! Зошто е цензурирано?“
Друго лице додаде: „Не можам да верувам дека „Ем-ти-ви“ го цензурира „Манескин“. Изведувачите „тверкаа“ цела ноќ, имаа огромна анимација за „тверкање“, но човекот што го покажа задникот беше цензуриран?“
И новинарката на „ЈуЕс тудеј“ Аника Рид го коментираше целиот настан: „Какви се овие проблеми со настапот на „Манескин“?! „Ем-ти-ви“ целосно се оддалечи од сцената подолг временски период (дали е тоа цензура или грешка?).
ФОТО: Инстаграм