ЕМ ТЕПАЛ, ЕМ КАНАБИС САДЕЛ! Битолчанец ќе одговара за две кривични дела
Сопругата го пријавила за насилство, а кога дошла полицијата открила саксии со канабис во неговиот дом.
Полициски службеници од СВР Битола вчера го уапсиле С.С.(55) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга и затоа што при вршење на увидот во домот биле пронајдени и одземени четири саксии со насади од растението канабис, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни пријави.