ЕМ ПИЕТЕ КАФЕ, ЕМ ДОНИРАТЕ Во Бифе Тафталиџе смислија како да им помогнат на настраданите во земјотресот
Скопското Бифе Тафталиџе, поточно, нејзиниот сопственик Саша Шотаровски, смислија одличен начин за да ги поттикнат луѓето да дојдат кај нив, да се напијат кафе и наместо да ја платат сметката, да донираат 100 денари со повик на броевите за собирање донации за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија
„Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100 денари.
Доаѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме.
Биди човек во живо, не на Фејсбук“, пишува на профилот на скопското Бифе Тафталиџе на Фејсбук и на Твитер.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.