Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци.
„Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“, се вели во соопштението.