ЕМ КРАДАТ, ЕМ ПРОТЕСТИРААТ Граѓаните на Грчец два дена немаат струја, бараат од ЕВН да им пушти

Поради тоа жителите на ова село излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров и бараат да добијат струја, односно да нема веќе прекини кои според нив се случуваат често.

471

Жителите на Грчец два дена воопшто немаат струја, додека претходните неколку денови имаа рестриктивно.

Како што обвинуваат, во месец рамазан, свет месец за муслиманите, ЕВН ги оставила без струја и на овој начин ги казнуваат и оние што плаќаат, но и оние што не плаќаат струја, објави тв21.






Поради тоа жителите на ова село излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров и бараат да добијат струја, односно да нема веќе прекини кои според нив се случуваат често.

Од, ЕВН велат дека во село Грчец вчера околу 8 часот наутро настана дефект поради што снабдувањето со електрична енергија е сѐ уште во прекин.

Овој дефект е последица на континуирано неовластено и неконтролирано користење на електрична енергија од страна на мештаните, односно крадењето на струја, велат од компанијата.

Трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат на тоа се појавуваат сериозни дефекти.

Од ЕВН воедно велат дека нивните екипи често пати се соочуваат со вербални и физички напади поради што во целост се нарушува нормалното функционирање и работење.

Поврзани содржини