ЕМ ИГРАШЕ ПРОТИВ ПСЖ, ЕМ ДОБИ „ГРАТИС“ ТИТУЛА Фудбалерот на Астон Вила пак е меѓу шампионите на Европа
Асенсио во јануари се пресели на позајмица во Астон Вила, со кои дури и играше против ПСЖ во четврт-финалето. Но, правилата на УЕФА дозволуваат фудбалерите кои настапиле во групната фаза за клубот-победник да ја добијат титулата. Така, и без присуство во финалето, неговото име остана врежано во списокот на шампионите.
Иако сезонава го заврши во англиската Премиер лига, Марко Асенсио повторно се најде на врвот на Европа.
Фудбалерот на Астон Вила ја доби својата четврта титула во Лигата на шампионите, откако ПСЖ триумфираше во финалето. Причината лежи во тоа што шпанскиот репрезентативец играше за францускиот клуб во групната фаза на натпреварувањето — и тоа на четири меча.
Асенсио во јануари се пресели на позајмица во Астон Вила, со кои дури и играше против ПСЖ во четврт-финалето. Но, правилата на УЕФА дозволуваат фудбалерите кои настапиле во групната фаза за клубот-победник да ја добијат титулата. Така, и без присуство во финалето, неговото име остана врежано во списокот на шампионите.
Претходно, Асенсио трипати беше европски првак со Реал Мадрид, во 2017, 2018 и 2022 година. Оваа титула му е четврта во кариерата, иако пристигна од дистанца.