📽 ЕМ ГО ЗАНИША ЗНАМЕТО, ЕМ НЕ СЕ ПОЗДРАВИ СО ЛУЛА Бајден направи нов гаф на пресконференција со колегата од Бразил
На почетокот на средбата Бајден доаѓајќи на сцената се заби во бразилското знаме кое благо се заниша. Потоа, на крајот од средбата, Бајден се изгуби на сцената и излезе заборавајќи да се ракува со Лула.
Неколку непријатни моменти се случија на заедничката пресконференција на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот бразилски колега. Гафовите на Бајден го разлутија Луис Инасио Лула да Силва.
На почетокот на средбата Бајден доаѓајќи на сцената се заби во бразилското знаме кое благо се заниша. Потоа, на крајот од средбата, Бајден се изгуби на сцената и излезе заборавајќи да се ракува со Лула. Тој ја стегна раката само на Гилберт Хонгбо, генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, пишува Њузвик.
И самата пресконференција беше напната. Првин Лула го слушаше со чудење говорот за „економска визија“ на Бајден. Потоа, кога Лула почна да зборува, Бајден ги провери слушалките бидејќи не го слушаше преводот од бразилски на англиски.
– Можете ли да ме слушнете, претседателе Бајден? Ова е историски момент за Бразил и за САД – рече Лула на почетокот на своето излагање.
– Претседателе Бајден, ме слушате ли? – повторно праша нервозно Лула.
– Дали ме слушате? Во ред добро – додаде тој.
Погледнете го видеото:
Attention and respect: Biden, after negotiations with Brazilian President Lula, tripped over the Brazilian flag and did not shake Lula’s hand.#source @Slavyangrad pic.twitter.com/qyYxjDWFi4
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) September 21, 2023