ЕМ БРЗО ВОЗАТ, ЕМ ПАРКИРААТ КАДЕ САКААТ Полицијата казни 667 возачи
Дополнително, казнети се 67 лица кои немале возачка дозвола, 40 за некористење на сигурносен појас и 31 за користење мобилен телефон при возење.
Во рамки на засилените сообраќајни контроли, полициските службеници вчера изрекоа вкупно 667 платни налози низ осумте сектори за внатрешни работи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што посочуваат од полицијата, најголем број од прекршоците – 253 се однесуваат на непрописно паркирање, додека 90 возачи биле санкционирани поради пречекорување на дозволената брзина. Дополнително, казнети се 67 лица кои немале возачка дозвола, 40 за некористење на сигурносен појас и 31 за користење мобилен телефон при возење.
„Контролите покажаа дека и натаму одредени возачи не ги почитуваат основните сообраќајни правила, со што ја загрозуваат својата, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Апелираме на почитување на законските прописи за да ги направиме патиштата побезбедни“, велат од МВР.
Во рамки на контролите, регистрирани се и три случаи на минување на црвено светло, шест возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, а двајца не носеле заштитна кацига. Казнети се и четири пешаци за сообраќајни прекршоци.
Полицијата открила и 18 нерегистрирани возила, како и 11 технички неисправни возила кои биле повлечени од сообраќај.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, а од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за зголемување на безбедноста на патиштата.