ЕЛИЗАБЕТA ВТОРА СИМНАТА ОД ВРВОТ НА НАЈБОГАТИ ЖЕНИ Нејзиното место го зазеде оваа богаташка
Кралицата веќе не е најбогатата во Британија. Титулата сега ја држи Кирсти Бертарели, која доби 350 милиони фунти од разводот и резиденција покрај езерото во Женева вредна 52 милиони фунти.
Долги години, кралицата Елизабета Втора беше на врвот на листата на најбогати луѓе во Британија. Таа штотуку беше симната од тронот.
Не е тајна дека кралицата Елизабета Втора поседува луксузни имоти, уметнички дела, паркови и една од највредните колекции накит во светот. Со богатство проценето од „Сандеј тајмс“ на 365 милиони фунти, кралицата беше на врвот на листата на најбогати жени во Британија.
Британските медиуми штотуку објавија дека Елизабета Втора … е симната од тронот! Кралицата веќе не е најбогатата во Британија. Титулата сега ја држи Кирсти Бертарели, која доби 350 милиони фунти од разводот и резиденција покрај езерото во Женева вредна 52 милиони фунти.
Веста за „соборување“ на кралицата Елизабета Втора предизвика големо изненадување. Особено што медиумите го открија и тајниот развод на Кирсти и Ернесто Бертарели, кои 21 година важеа за среќен брачен пар. Двојката израсна три деца, не им даде тема на медиумите за озборувања и беа вклучени во добротворни цели.
Информацијата за разводот ја потврдија портпаролот Кирсти и Ернест Бертарели во интервју за новинарот на „Дејли мејл“.
Одлуката за развод беше заедничка и разделбата помина без проблеми.
Медиумите потсетија дека Кирсти Бертарели, која ја освои круната на Мис Британија во 1988 година и беше успешна пејачка, исто така поседува викендичка во Гштад, вредна 8 милиони фунти и вила во центарот на Лондон.