ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД Кралицата пројавила благи симптоми

Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, потврдија од палатата.

331

Кралицата Елизабета е позитивна на ковид-19, соопштија од Бакингемската палата.

Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, потврдија од палатата.






– Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства – се додава во соопштението.

Кралицата (95) била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот Чарлс од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот.

Би-Би-Си јави дека голем број луѓе биле позитивни на ковид-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата.

Поврзани содржини