📷 ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ НА 60 ГОДИНИ ГО ПОКАЖА НЕВЕРОЈАТНОТО ТЕЛО ВО БИКИНИ „Сè уште ме оставаш без здив“
Во чест на Меѓународниот ден на бикини, Харли објави фотографија на Инстаграм облечена во црвен бикини горен дел и впечатлив долен дел со тигарски принт од сопствената колекција.
Британската актерка и поранешна манекенка Елизабет Харли (60) повторно ги воодушеви обожавателите со својата беспрекорна фигура. Во чест на Меѓународниот ден на бикини, Харли објави фотографија на Инстаграм облечена во црвен бикини горен дел и впечатлив долен дел со тигарски принт од сопствената колекција.
„Секој ден од мојот живот е ден за бикини… Но, некако ја пропуштив официјалната објава за Меѓународниот ден на бикини! Еве фотографија од мојот одмор во Грција за да го надоместам тоа“, напиша покрај објавата актерката, која неодамна го сними филмот „Строго доверливо“.
View this post on Instagram
Меѓу првите што коментираа на фотографијата беше нејзиниот син, 23-годишниот Дамијан Харли, кој напиша: „Мамо, ова е прекрасно“.
Ниту обожавателите не го криеја своето воодушевување: „Сè уште ме оставаш без здив“, „Изгледаш толку во форма“, напишаа под објавата.
Инаку, Харли го лансираше својот бренд костими за капење и облека за плажа во 2005 година и остана главен амбасадор и лице на колекцијата сите овие години. Покрај тоа што лично го промовира секој нов модел, таа редовно објавува фотографии во бикини и едноделни костуми на својот профил на Инстаграм.
Да потсетиме, Харли неодамна го прослави својот 60-ти роденден и по тој повод објави фотографија на која е целосно гола.
View this post on Instagram
„Среќен ми роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… вљубена сум“, напиша таа во описот на објавата. „Се чувствувам многу благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство на светот. Фотографијата е направена денеска попладне… во мојата роденденска облека“, додала таа.
На фотографијата, Харли седи со прекрстени нозе на тревата со голема насмевка на лицето. Нејзиниот нов партнер, Били Реј Сајрус, одговори со коментар: „Те сакам“. Сајрус, исто така, објави посвета кон „љубовта на својот живот“ на својот инстаграм-профил.