📽 ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ КАКО ОД МАЈКА РОДЕНА ВО БАЗЕН Славната актерка има 58 години и ги воодушевува фановите
Актерката Елизабет Харли (58) позираше за забава покрај базен. Она што многумина ги изненади е тоа што беше целосно гола.
Оваа 58-годишна девојка често објавува фотографии на кои е во градник, но сега се осмели да позира без облека и за помалку од еден ден собра повеќе од 160.000 лајкови.
– Лебдам на парче лубеница – напиша таа со објавата.
Инаку, актерката за Дејли Мејл ја откри тајната на својот беспрекорен изглед и раскажа како се храни. Утрото го започнува со две шолји топла вода. За појадок меша банана и грчки јогурт, во кои додава малку мед. За ручек секогаш прво избира супа од зеленчук, потоа месо и некој здрав прилог.
– Цело лето јадам овошје и зеленчук од сопствената градина. Порано имав мала органска фарма и целото месо што го јадеше син ми беше од фармата – рече таа.
View this post on Instagram