Британската актерка и модел Елизабет Харли (56) го дочека летото во Велика Британија објавувајќи мноштво фотографии на кои е облечена само во бикини, пишува „Дејли мејл“.
А, својата гламурозна фигура сега ја истакна и на Инстаграм споделувајќи фотографија на која носи проѕирен фустан на „Версаче“.
Лиз Харли се фотографирала во фустан кој не трпи долна облека, а со фустанот комбинирала само дискретен сребрен ѓердан и мошне малку шминка.
Заедно со објавената фотографија, таа само напишала: „Нешто за минатата ноќ …“
На социјалните мрежи се појави и нејзиниот син Демијан, кој неверојатно личи на неа. Тој објави фотографија на која нежно го прегрнува своето куче и посочи дека станува збор за фотографија од пред девет месеци и дека кучето на фотографијата, во меѓувреме, пораснало.
Демијан на „Денот на мајката“ во март ѝ оддаде почит на својата гламурозна мајка Елизабета со серија лични фотографии.
Тогаш тинејџерот сподели фотографија на Инстаграм, меѓу другите, додека како дете си игра во базенот со својата позната мајка и фотографија од Елизабета како седи на брод.
Серијата фотографии ја надополни со зборовите: „Поздравете ги сите мајки насекаде. Особено мојата затоа што таа е врв на врвовите. Среќен „Ден на мајките““.
Елизабета трогната од посветата на синот, на тоа одговорила:„Моето убаво дете“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм