ЕЛЕЗИ ОД МАКЕДОНИЈА Е НОВИОТ МБАПЕ? „Гардијан“ го вброи 17-годишниот играч на Шкендија меѓу новите фудбалски ѕвезди

Елези, кој идниот месец ќе наполни 17 години, се најде во потесниот избор на „Гардијан“ во друштво на други 59 најталентирани фудбалери во Европа родени во 2004 година.

1,867

Угледниот британски весник „Гардијан“ го вброи членот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години, Дашмир Елези, меѓу новите светски фудбалски ѕвезди.

Елези, кој идниот месец ќе наполни 17 години, се најде во потесниот избор на „Гардијан“ во друштво на други 59 најталентирани фудбалери во Европа родени во 2004 година.






Опишувајќи го како привлечен за гледање поради својата завидна техника, брзина и интелигенција на теренот, „Гардијан“ наведува дека Елези веќе на своето прволигашко деби минатата сезона во дресот на Шкендија се запиша во листата на стрелци и ги покажа своите голгетерски способности.

„Оттогаш одигра 30 натпревари за својот клуб и постигна седум голови, иако пред него има уште простор за напредок“, пишува „Гардијан“.

Поврзани содржини