ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ БЕШЕ ДЕЛ ОД РЕЖИМОТ Од СДСМ велат на актерката не ѝ е место во МКЦ

Од владејачката партија ка повикуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја повлече одлуката.

569

Од СДСМ се противат актерката Јелена Жугиќ да биде назначена во УО на МКЦ, бидејќи споре претставниците на партијата, таа била дел од претходниот режим на Никола Груевски.

Од владејачката партија ка повикуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја повлече одлуката.






– СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции. Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен. Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми. МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура – порачаа од СДСМ.

Поврзани содржини