Хрватската пејачка Јелена Розга ги воодушеви обожавателите со селфи на кое речиси нема воопшто шминка.
Јелена за својот природен изглед доби бројни комплименти, а во коментарите се јавија и некои познати личности како Јелена Карлеуша која ѝ остави емотикони срциња.
„Насмевката носи насмевка“, порача пејачката покрај фотографијата, која за кратко време собра илјадници лајкови на Инстаграм.
„Прекрасна си“, „Најубава си вака“, „Природна убавина“, „Оваа жена е како виното“, „Прекрасна и без шминка“, „Секогаш убавица“, се само некои од реакциите на вооушевените обожаватели.
FOTO: Instagram