Елена Ристеска: Размислувам да си посвојам дете

1,930

Македонската пејачка Елена Ристеска за време на гостувањето на „Бекстејџ“, на прашањето дали размислува за мајчинство, рече дека не ја исклучува можноста да посвои дете.

– Сите ние на триесетина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете. Некогаш дури размислувам да си посвојам детенце сè додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца – изјави Ристеска.

Поврзани содржини