ЕЛЕНА РИСТЕСКА ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА МОРЕ Пејачката наполни 36 години (ФОТО)

На море, на прекрасна дестинација, со кафе коктел в раце на плажа, Елена го прослави радосниот ден во нејзиниот живот.

2,917

Македонската поп-пејачка Елена Ристеска вчера имаше одличен повод за радување и славење.

Убавата пејачка го прослави својот 36-ти роденден.






На море, на прекрасна дестинација, со кафе коктел в раце на плажа, Елена на својот профил на Инстаграм им се заблагодари на своите следбеници, обожаватели и колеги на прекрасните роденденски честитки.

 

„Ви благодарам на сите за роденденските честитки , 36 години и не е така лошо, нели? Ако знаеш како да уживаш во секоја од нив. А денес посебно уживам читајќи ги вашите убави пораки. Cheers!“, напиша под фотографиите убавата пејачка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини