Јелена Јованова објави семејна фотографија: 2020 година беше како сценарио за филм, ама се роди Јаков (ФОТО)
На прашањето по што ќе ја памети 2020 година, Јелена одговори дека тоа е тешка година, но дека сепак ќе ја памети по раѓањето на својот син Јаков.
Македонската актерка Јелена Јованова, позната по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, по подолго време објави семејна фотографија на социјалните мрежи.
Во интервју за хрватскиот магазин „Стори“, актерката открива како ги поминала првите месеци по породувањето, а исто така ја опишува и годината којашто е зад сите нас.
На прашањето по што ќе ја памети 2020 година, Јелена одговори дека тоа е тешка година, но дека сепак ќе ја памети по раѓањето на својот син Јаков.
– Ако оваа година беше сценарио за холивудски филм, тогаш би рекла: „Малку претеравте“. Но, очигледно би погрешила. Вистински емоционален вртлог ни донесе 2020 година, а на врвот на пиедесталот секако дека е Јаков – вели Јованова.
За периодот по породувањето таа објаснува дека првите две-три недели биле многу напорни.
– Првите две-три недели беа многу напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување. Сите три работи требаше да си дојдат на свое место. Не беше како во бајка, но некако влеговме во рутина. Секој ден стануваше многу полесно и позабавно – вели актерката.
View this post on Instagram