ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме… (ФОТО)

Јелена им честита Божиќ на сите и напиша што најмногу би сакала во овој момент.

897

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го помина Божиќ во карантин во Австралија, каде што го чека исходот на ситуацијата со жалбата за одбиената виза за влез во земјава, а за тоа време неговото семејство нервозно следи што се случува. За првпат проговори и неговата сопруга Јелена, која во божиќната ноќ напиша емотивна порака.

На најдобриот тенисер на светот му беше укината визата по пристигнувањето во Австралија бидејќи, според тамошните власти, немал примено вакцина или ниту имал легитимно медицинско ослободување.






Јелена им честита Божиќ на сите и напиша што најмногу би сакала во овој момент.

„Среќен Божиќ на сите кои го слават денеска! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со семејствата. Посакувам моето семејство да беше заедно денеска, но утеха ми е што сме барем здрави. И ние ќе растеме од ова искуство. Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го користите вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Длабоко воздивнувам за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за сѐ што се случува сега. Единствениот закон кој сите треба да го почитуваме без разлика каде се наоѓаме е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, порачала Јелена Ѓоковиќ.

Да потсетиме, тенисерот пристигна во Мелбурн во средата, но по седум часа минати на аеродромот не доби виза за влез во земјата. Австралиските власти одлучија да го депортираат Ѓоковиќ по пристигнувањето во Мелбурн, а потоа беше сместен во мигрантски хотел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини