📷 ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ГО ПРОСЛАВИ 39-ТИОТ РОДЕНДЕН ВО ЛУКСУЗЕН СТАН ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА Нејзината ќерка Тара ја направила тортата
На фотографијата, Јелена може да се види во друштво на својот сопруг Новак Ѓоковиќ и нивните деца Стефан и Тара, додека сите носат капи за среќен роденден во жолта боја и заедно дуваат свеќи на торта со натпис „Среќен роденден“.
Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, сподели на својот профил на Инстаграм интимна семејна фотографија од прославата на својот 39-ти роденден, а заедно со насмевката и семејната топлина, откри и дел од луксузот во кој живее, пишува српски „Телеграф“.
На фотографијата, Јелена може да се види во друштво на својот сопруг Новак Ѓоковиќ и нивните деца Стефан и Тара, додека сите носат капи за среќен роденден во жолта боја и заедно дуваат свеќи на торта со натпис „Среќен роденден“.
Посебно внимание привлече и објавата на Јелена во описот на фотографијата, каде што напиша:
– Онаа во која Јелена го слави својот роденден, а Тара ѝ прави торта.
View this post on Instagram
Тортата направена од седумгодишната Тара ги воодушеви сите, а нејзиниот гест ја разубави семејната прослава.
Меѓутоа, освен емотивната сцена, внимание привлече и луксузната средина во која е направена фотографијата. Имено, со оваа објава, Јелена откри дел од нивниот ексклузивен стан во Херцег Нови, вреден околу 2.000.000 евра.
Низ прозорецот јасно се гледа прекрасен поглед на морето, додека ентериерот зрачи со луксуз и стил – секој детаљ изгледа внимателно одбран, а просторот делува модерно и целосно во согласност со естетиката на Ѓоковиќ.