🎥 ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЗАПРОСЕНА СРЕДЕ НАСТАП! Пејачката се согласи, но под еден услов
Јелена Карлеуша во текот на настапот добила брачна понуда од едно момче во публиката.
Српската пејачка Јелена Карлеуша има голем број обожаватели не само низ регионот, туку и ширум светот, а таа е пример за многу светски познати ѕвезди.
Јелена Карлеуша синоќа имаше спектакуларен настап во преполната дискотека во Будва, каде беше јасно колку публиката е желна за нејзините настапи во живо.
Карлеуша на своите концерти секогаш прави незаборавна атмосфера и своите обожаватели ги фрла во транс, а едно момче од публиката го маѓепсала до тој степен што среде настап ѝ подарило роза и ја замолило да се омажи за него.
View this post on Instagram
Карлеуша се согласила, но имала еден важен услов.
– Ќе се омажам за тебе, но кога ќе пораснеш, а ти растеш. И едвај чекам да пораснеш. Колку години имаш? Дали имаш 15 години? 16? 17? 20? 18? – го прашала Јелена момчето додека ја пеела песната „Чаје шукарие“ на Здравко Чолиќ.
Снимката од овој романтичен момент брзо стана вирална на социјалните мрежи.