ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША СЕПАК НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЕВРОВИЗИЈА Еве зошто пејачката не смее да настапи на натпреварот

Објавата на пејачката Јелена Карлеуша предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, па за зборовите на музичката ѕвезда проговори и уредничката на забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ.

700

Откако Јелена Карлеуша објави дека сака да учествува на Евровизија, уредничката на забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ, изјави дека тоа е невозможно, објави Новости.

Во јавноста со години се зборува дека Јелена Карлеуша треба да ја претставува својата земја на престижниот музички натпревар „Евровизија“.






„Почитувани следбеници, домашни и странски медиуми, граѓани, размислувам годинава да го потврдам моето учество на ‘Евросонг’. Што мислите за тоа?“, напиша Карлеуша на својот инстаграм-профил, што наиде на воодушевување кај нејзините следбеници“.

Објавата на Карлеуша предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, па за зборовите на музичката ѕвезда проговори и уредничката на забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ.

– Жал ни е што Јелена Карлеуша задоцни со пријавувањето и што нема да може да учествува на изборот „Песна за Евровизија ’25“ бидејќи конкурсот за поднесување композиции заврши на 10 ноември 2024 година. Познати се имињата на годинешните 30 натпреварувачи, а нивните композиции се објавени на каналот Јутјуб на 27 јануари. Ќе ни биде драго да ја видиме Јелена Карлеуша на „Песна на Евровизија“ следната година – изјави Оливера Ковачевиќ за порталот Србија Данас.

📷 ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА СРБИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА Пејачката со една објава откри многу детали

Поврзани содржини