📷 ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ГО ПРОСЛАВИ 46-ОТ РОДЕНДЕН ВО ЖЕШКИ ИЗДАНИЈА Прво танга и широки панталони, па „гол“ фустан
Јелена Карлеуша вчера имаше роденденска прослава за тесен круг луѓе, а сепак гламурозна, и тоа за два големи поводи.
Јелена Карлеуша вчера имаше роденденска прослава за тесен круг луѓе, а сепак гламурозна, и тоа за два големи поводи.
Поп дивата Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 46-ти роденден, а по тој повод ја воодушеви својата публика со новиот спот за песната „Бенга“.
Карлеуша вчера на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографии од интимната и гламурозна прослава во дворот на својата вила.
Јелена на роденденската прослава имала два стајлинга – провокативен црвен костим, кој одговарал на бојата на роденденската торта и тесен краток фустан во боја на чоколадо. Таа најпрво се снимала во огнената комбинација – црвениот топ со каиши го комбинирала со танга која је носела преку колковите и со панталони со ниска половина, а со оглед на тоа што ЈК своето тело го довела до совршенство, роденденскиот стајлинг дополнително ја истакнал нејзината тенка половина и бујните облини. Потоа облекла тесен кожен фустан во боја на чоколадо.
View this post on Instagram
Роденденската торта била на пет ката, по целата површина исполнета со срциња и прскалки, а славеничката го прославила прекрасниот ден и објавувањето на новиот спот во друштво на своите блиски пријатели и ќерките Атина и Ника Тошиќ.
Зад тортата било поставен платно на кое за присутните гости бил пуштен новиот музички спот на популарната пејачка.
Јелена Карлеуша наздравила со чаша шампањ во рацете во чест на сите постигнати и идни успеси.
Исто така, пејачката покажала дел од подароците што ги добила за „прекрасниот ден“, а особено се истакнал букетот со стотина кадифени мечиња.