ЈЕЛЕНА И ТАЛАТ ОД „ПРЕСПАВ“ ГО „ГОРАТ БАЛКАН“ Урнебесен препев на песната „Ајде“ (ВИДЕО)
Екипата на серијата „Преспав“ спреми новогодишната програма која во 21 часот ќе почне на МРТ1.
„Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан! Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ, 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан“.
Вака порачуваат од екипата на серијата „Преспав“ за новогодишната програма која во 21 часот ќе почне на МРТ1.
Дел од она што го подготвуваат за гледачите го објавија на Јутјуб. Јелена од Драчево и рецепционерот Талат направија своја урнебесна изведба на популарната песна „Ајде“ од српската пејачка Теа Таировиќ.