ЕЛЕН ДЕЏЕНЕРИС СО СОПРУГАТА СЕ ОТСЕЛИ ОД АМЕРИКА ПОРАДИ ТРАМП „Во Англија сè е едноставно подобро“
Елен Деџенерис (67), американска ТВ-ѕвезда, го имаше својот прв јавен настап откако се пресели во Велика Британија и веднаш предизвика внимание со изјавата дека ја донела одлуката еден ден откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател на САД.
Елен Деџенерис (67), американска ТВ-ѕвезда, го имаше својот прв јавен настап откако се пресели во Велика Британија и веднаш предизвика внимание со изјавата дека ја донела одлуката еден ден откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател на САД.
На настанот во Челтнам, популарната комичарка и поранешна водителка раскажа како таа и сопругата Порша де Роси првично планирале да поминат само неколку месеци годишно во Англија, но брзо се предомислиле.
– Се разбудивме со пораки од пријатели со емотикони што плачат. Реков: „Тој е повторно избран“, и Порша и јас веднаш знаевме – остануваме тука – вели Елен.
Деџенерес, позната по „Шоуто на Елен Деџенерес“, кое се емитуваше речиси две децении, сега ужива во селскиот живот во Котволдс, регион познат по своите села од бајките и недопрената природа.
– Сè е едноставно подобро овде. Луѓето се љубезни, чисто е, животот е поедноставен, а ставот кон животните е многу похуман. Порша донесе коњи, јас имам кокошки, а имавме и овци – но тие постојано бегаа – опишала Елен.
Елен дури открила дека размислува повторно да се венча со Порша – овој пат во Англија. Поводот?
Сè посилни обиди во САД да се укине правото на истополови бракови.
– Ако навистина го сторат тоа, повторно ќе се венчаме тука – рекла Елен.
И покрај тоа што е една од првите јавни личности што отворено проговори за својата сексуалност, Елен признава дека Холивуд сè уште не е безбедно место за ЛГБТК+ заедницата.
– Познавам многу актери и актерки кои се геј, но не сакаат да се изјаснат бидејќи се плашат. Тоа сè ви кажува – рече Елен.
Таа додала дека помладите генерации носат промени, бидејќи се „пофлудни и посигурни во себе“.
Одлуката на Елен Деџенерис да ги замени САД со Англија е комплексен чин кој е истовремено и политички протест и личен рестарт. Иако како главна причина го наведува изборот на Трамп, не може да се игнорира контекстот на нејзиниот нарушен имиџ во Америка.
Инаку, Деџенерис стави крај на своето ток-шоу „Елен“ во 2022 година по 19 сезони, поради тврдењата дека таа поттикнува токсична работна средина и дека ги малтретирала вработените.