Елен Деџенерис се извини, но шоуто отиде во провалија

970

Дневното ток-шоу на Елен Деџенерис има најнизок рејтинг на гледаност од своето постоење среде скандал кој открива недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.

Шоуто на Елен стана предмет на официјална истрага по многуте тврдења на персоналот за навреди на работното место од страна на извршните продуценти.






Скандалот ја потона популарноста на емисијата на најниско ниво, објави The Wrap во вторникот, додавајќи дека гледаноста на дневното ток-шоу била намалена 29 проценти во однос на истиот период минатата година и девет проценти пониска од претходната недела.

Водителката Елен Деџенерис конечно проговори и им се извини на поранешните членови на персоналот поради негативните искуства, откако истрагата ги потврди „недостатоците во секојдневното управување“ во емисијата која ја води.

Иако Елен, наводно, не била вклучена во ниту еден од инцидентите, од неа било побарано да проговори и да преземе одредена одговорност.

Елен преку писмото им се извини на вработените во емисијата, ветувајќи дека ќе обезбеди подобра работна атмосфера.

„Им реков на сите на нашата прва средба дека ова шоу ќе биде место за среќа – никој никогаш нема да крене глас и сите ќе бидат третирани со почит“, се вели во соопштението.

„Очигледно нешто се сменило и јас сум разочарана поради тоа и жал ми е“, продолжува таа.

Елен негираше дека знаела за каква било неправда на снимањето, потврдувајќи дека сè уште верува во мотото на шоуто, кое гласи „дека треба да бидете пријатни кон сите“.

 

Поврзани содржини