ЕЛЕМ ТУРС ОДИ ПОД СТЕЧАЈ, А ЌЕ НИКНАТ ДВЕ НОВИ ФИРМИ-ЌЕРКИ? Стоилковски открива дека едната фирма ќе ја води возачот на Васко Ковачевски, а другата – кадар на ДУИ

СДСМ го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а отвора две фирми, за директорот на ЕЛЕМ ТУРС, кадар на ДУИ и за возачот на Васко Ковачевски, сопартиец и другар од СДС Битола, обвини портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

286

СДСМ сѐ уште молчи зошто во стечај турка едно претпријатие во државна сопственост како ЕЛЕМ ТУРС, без работа остава околу 200 вработени, за да отвори две нови фирми-ќерки на државниот ЕЛЕМ со иста дејност, давајќи ги на блиски лица, обвини портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Единственото државно претпријатие ЕЛЕМ водено од СДС, го затвора, става во стечај ЕЛЕМ ТУРС, како непродуктивно и создавач на долгови, а истовремено отвора две исти фирми ќерки со иста дејност – туризам и угостителство, со поделба на хотелите и туристички капацитети на Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга. Како е можно ЕЛЕМ ТУРС да се затвора како непродуктивно, а истовремено за една од двете нови фирми, Ски Центар Попова Шапка, да се најавува стратешка инвестиција и долготрајна концесија? Уште повеќе, прв човек на новата фирма за која е најавена инвестиција, е токму досегашниот директор на турнатата фирма во стечај, Адем Авзиу? Како сега ќе знае да работи рентабилно со новата фирма, а не знаел со ЕЛЕМ ТУРС? Значи СДСМ го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а на директор на ЕЛЕМ ТУРС му отвора нова фирма со имот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу кадар на ДУИ – рече Стоилковски на денешната прес-конференција.






Втората фирма – ЕСМ Молика, додаде тој, е оставена на Миле Вељановски, сопартиец, личен пријател, семеен другар и возач на Васко Ковачевски!

– Внимавајте, возачот на Васко Ковачевски, добива и ќе водел државна фирма за угостителство и туризам, со капацитети во Дојран, Охрид, Струга, државната фирма ЕСМ Молика!? И уште еднаш: СДСМ го турка ЕЛЕМ ТУРС во стечај заради долгови, а отвора две фирми, за директорот на ЕЛЕМ ТУРС, кадар на ДУИ и за возачот на Васко Ковачевски, сопартиец и другар од СДС Битола! Едно од најважните прашања е зошто при поделбата на двете фирми, 200 веќе вработени лица од ЕЛЕМ ТУРС не се преземаат во новите фирми, туку или се избркани од работа, или им се нуди времено вработување по системот – земи или остави? Почитувани, целта е јасна. По теркот на мрачната транзиција, се турка стечај, наводна нерентабилност на државна фирма, се приграбува имот, се бркаат 200 вработени, останува неисплатен долг на доверители од околу 150 милиони денари. Но, се добиваат две фирми, хотели, туристички капацитети, на Шапка, Маврово, Дојран, Охрид, Струга се добиваат инвестиции, и можности за партизација, огласи за вработувања, и секако можност за приватизација на државен имот! СДС не може да излезе од матрицата на мрачната транзиција, уништување и грабање, од шемата на лаги и партизација. Само избори се спасот – рече Стоилковски.

Поврзани содржини