ЕЛЕКТРОНСКОТО БАНКАРСТВО НУДИ СЛОБОДА И НОВИ ИСКУСТВА Комерцијална банка го промовира новиот портал за дигитални финансии
За успешно справување со такви ситуации постојат практични, модерни и беспрекорно функционални решенија. Особено кога станува збор за управување со твоите финансии, без разлика дали се лични или бизнис финансии, велат од Комерцијална банка во врска со својот нов портал за електронско банкарство нудејќи детални совети за користење на новата услуга.
Комерцијална Банка (КБ) го промовира својот нов портал за електронско банкарство. Од КБ порачуваат дека се работи за интернет банка која нуди „финансиска слобода и беспрекорно искуство“.
Појаснувајќи го новиот портал од КБ велат:
„Кога работниот ден ти е полн со обврски, а тоа често се случува, секоја нова обврска што ти одзема време навистина не ти е потребна. За успешно справување со такви ситуации постојат практични, модерни и беспрекорно функционални решенија. Особено кога станува збор за управување со твоите финансии, без разлика дали се лични или бизнис финансии“.
Понатаму во соопштението се вели дека клиентите сега немаат потреба да губат време со одење на шалтер за да платат сметка, да префрлат пари на друга сметка, да платат рата за кредит, да им овозможат поголем лимит на картичката на своите деца или на своите вработени или пак за да активираат нова услуга, односно дека сето ова сега е достапно „со неколку кликови и може да го направиш од кое било место преку твојот компјутер или друг мобилен уред на брз, едноставен и безбеден начин, сега и преку новата Интернет банка“.
Комерцијална Банка детално објаснува кои се можностите и бенефитите од современото електронско банкарство додавајќи дека новата Интернет банка е создадена за да „одговори на твоите секојдневни потреби на модерен и ефикасен начин, односно без чекање на шалтер и со прецизна контрола врз сите твои трансакции“.
Во написот стои дека излгедот на порталот е целосно нов и интуитивен и со напредни функционалности и дека Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.
КБ соопшто дека новата Интернет банка обезбедува:
- Подобро корисничко искуство со лесен пристап до твоите производите
- Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски
цели - Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
- Персонализирани услуги според твоите потреби
- Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички
Понатаму, банката дава совети како корисниците максимално да го искористат бенефитот од електронското банкарство:
- Одржувај високо ниво на безбедност – користи сложени лозинки, активирај двофакторска автентикација и не ги споделувај податоците за најава со никого
- Редовно следи ги твоите сметки и трансакции – искористи ги алатките за финансиска анализа за подобро управување со буџетот
- Искористи ги мобилните апликации мБанка и мБанкаКо – управувај со твоите средства во секое време и од кое било место
Текстот завршува со пораката дека време е секој да ги искористи придобивките од дигитализацијата.
„Без разлика дали си физичко или правно лице, дигитализацијата на банкарските услуги овозможува подобро искуство, зголемена контрола и заштеда на време. Време е да ги искористиш придобивките на новото електронско банкарство и да си ги олесниш обврските поврзани со твоите финансии“, порачуваат од КБ.