ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЌЕ СЕ ПОДОБРИ Појасно ќе се знае каде одат парите и што точно се нуди

Воведувањето на алатка за структуирање на финансиската понуда на компаниите, која ќе доведе до поголема транспарентност и полесна следливост на цените, ќе овозможи подобар мониторинг и подетална анализа на цените на понудите и на вредноста на договорите за јавни набавки, споредба на единечни цени на ист предмет на набавка со други институции, споредба со цени од претходни години и слично. Со ова ќе се има увид во генералните движења на цените на производите и на услугите на пазарот за јавни набавки, компаративна анализа, проектирање на трендови итн, информира Министерството за финансии.

193

Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите, соопшти Министерството за финансии.

– Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспареноста и ефикасноста на целиот процес, а поедноставената и стандардна документација отвора можност за учество на повеќе компании во овој процес и за зголемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства – вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.






„Новите алатки овозможуваат и придонесуваат за усогласување со стандардите и со регулативата на ЕК и се исчекор во востанувањето на ЕСЈН на официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД), се имплементира процес на автоматско креирање на тендерска документација, со што значително ќе се подобри квалитетот на тендерските документации, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се намали поништувањето на постапките. Ќе се скрати и времето за учество на постапките и ќе се постигне поголема сигурност и интегритет во креирањето на понудата“, се вели во соопштението на Министерството за финансии..

Воведувањето на алатка за структуирање на финансиската понуда на компаниите, информира министерството, која ќе доведе до поголема транспарентност и полесна следливост на цените, ќе овозможи подобар мониторинг и подетална анализа на цените на понудите и на вредноста на договорите за јавни набавки, споредба на единечни цени на ист предмет на набавка со други институции, споредба со цени од претходни години и слично. Со ова ќе се има увид во генералните движења на цените на производите и на услугите на пазарот за јавни набавки, компаративна анализа, проектирање на трендови итн.

„Целокупната надградба на системот, покрај горенаведените бенефити и подобрувања, претставува основа за наредна поголема реформа во работењето на јавниот сектор, како на пример, воведување унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи. Тимот во Бирото за јавни набавки, предводен од директорката Маре Богоева Мицовска, останува посветен континуирано да го подобрува системот на јавните набавки на сите полиња, како во делот на воведување иновативни електронски алатки, така и за зајакнување на интегритетот и довербата во постапките за јавни набавки“, се додава во соопштението.

 

 

Поврзани содржини