ЕЛЕКТРОНСКИ ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Повторно е достапно онлајн аплицирањето за лична карта и за пасош
Процедурата е едноставна и достапна од било кој електронски уред, соопшти Министерството за дигитална трансформација
На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги, uslugi.gov.mk.
Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви, да закажат термин за следните услуги:
Издавање на лична карта
Издавање на пасош
Издавање на возачка дозвола
„Процедурата е едноставна и достапна од било кој електронски уред. Со оваа иницијатива, Министерството продолжува со својата мисија да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани, соопшти Министерството за дигитална трансформација.