Едно племе од островот Бутон во Индонезија стана хит меѓу фотографите, но и на социјалните мрежи, поради необично продорните сини очи и бронзениот тен.
Островот Бутон се наоѓа на 19-то место на најголемите острови во Индонезија, во југоисточната регија Сулавези, а вистинска атракција се домородците од племето Бутон, кои се поделени во неколку помали групи. Некои од нив имаат Варденбургов синдром, кој влијае на пигментацијата, поради што имаат необично сини очи.
Оваа појава е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи тамошните жители главно имаат темна коса и темни очи, а често се раѓаат и со различни бои на очи.
Станува збор за наследна генетска мутација за која се проценува дека во некој облик ја има едно од 42.000 лица. Тој синдром, меѓутоа, може да доведе и до губење на слухот.
Припадниците на племето Бутон ги фотографирал Корчнои Пасарибу, геолог од Џакарта, во текот на неодамнешната посета на островот. Овој 38-годишен фотограф го документира животот во руралните делови на Индонезија од септември 2019 година, со посебен фокус на бројните племиња и културното наследство.
Пасарибу наведува дека фотографијата му е хоби, а дека, всушност, работи како геолог во рудникот за никел.
– Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. Сината ми е омилена боја на очи – рекол геологот.
Индонезија е простран архипелаг со над 350 дијалекти и поткултури. Островот Бутон со големина од околу 2700 квадратни километри е еден од поголемите индонезиски острови. На него живеат нешто помалку од 450.000 луѓе од кои повеќето се наоѓаат во мали, изолирани племиња.
ФОТО: Инстаграм