„Електричен нос“ ќе ги замени ПЦР-тестовите? (ФОТО)
Тестот функционира така што цевката се става во носната празнина на човекот, а сето тоа трае околу 80 секунди.
Машината „електричен нос“ наскоро би можела да биде спас за сите оние кои често патуваат надвор од границите и на кои им е потребен негативен ПЦР тест за секое патување. Станува збор за уред којшто настанал со помош на 3Д печатач, а работи така што за само 80 секунди го намирисува коронавирусот.
Како што објави порталот „ScitechDaily“, машината работи на принцип преку кој ги издвојува хемикалиите кои се карактеристични за инфицираните луѓе со ковид-19, а наскоро се очекува тестирањата на аеродромите, на граничните премини и на сите прометни места да се вршат токму со помош на овој препарат.
Зад овој изум стои професорот Наом Собел, а тој објаснува дека „електричниот нос“ создава единствена матрица за секој поединечен мирис, па така може многу лесно да дојде и до матрицата на мирисот на оние луѓе кои се заразени со ковид-19.
– Секоја болест има свој карактеристичен мирис, поради промените во процесите на метаболизмот – објаснува Собел.
Тестот функционира така што цевката се става во носната празнина на човекот, а сето тоа трае околу 80 секунди.
Досегашните испитувања покажале дека тестот може да „улови“ дури и асимптоматски случаи и тоа во 75 отсто од случаите, па научниците се надеваат дека со мало усовршување тестот ќе биде подготвен за широка употреба.
– Прецизноста на овој тест не е значајно послаба во однос на ПЦР тестот, а резултатите пристигнуваат неспоредливо побрзо – вели Собел.