ЕЛ НИЊО ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЛА НИЊА Доаѓаат поплави и суши

Светската метеоролошка организација објави дека има 60% шанси условите во Ла Ниња да се појават помеѓу јули и септември и 70% шанси помеѓу август и ноември.

778

Временската појава Ел Нињо, која може да предизвика екстремни услови, како што се шумски пожари и тропски циклони, се очекува во текот на оваа година да се претвори во генерално посвежи услови на Ла Ниња, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

Ел Нињо е природен временски феномен поврзан со нарушување на шемите на ветерот што значи потопли температури на површината на океаните во источниот и централниот дел на Тихиот Океан, а Ла Ниња носи пониски температури во Тихиот Океан околу екваторот и е поврзан со поплави и суши.






СМО објави дека има 60% шанси условите во Ла Ниња да се појават помеѓу јули и септември и 70% шанса помеѓу август и ноември.

– Крајот на Ел Нињо не значи пауза во долгорочните климатски промени кои нашата планета ќе продолжи да ги доживува поради стакленички гасови- изјави Ко Барет, заменик генерален секретар на СМО.

Екстремно високите температури на површината на морето ќе продолжат да играат важна улога во наредните месеци.

Изминатите 9 години беа најтоплите досега, и покрај постуденото влијание на Ла Ниња кое траеше од 2020 до почетокот на 2023 година, соопшти СМО.

Поврзани содржини