ЕКСТРЕМНО ТОПЕЊЕ НА МРАЗОТ ВО ГРЕНЛАНД Зголемен ризикот од поплави ширум светот! (ВИДЕО)
Иако Гренланд е едно од местата во светот за кое климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка.
Околу 3,5 трилиони тони мраз е стопен на Гренланд во изминатата деценија, а тоа доведе до подигнување на нивото на морето за еден сантиметар и го зголеми ризикот од поплави ширум светот, предупредува новата студија.
Ледената покривка на најголемиот остров во светот содржи доволно замрзната вода за да го подигне нивото на океаните за шест метри на планетата, а фреквенцијата на екстремно топење на таа област расте во последните 40 години.
Иако Гренланд е едно од местата во светот за кое климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка.
Според списанието „Nature Communications“, во изминатите четири децении загубата поради топењето е зголемена за 21 отсто.
Одмрзнувањето е доволно за да се подигне нивото на океаните и да се предизвикаат поплави во крајбрежните делови на светот.
Според Европската вселенска агенција, ледената покривка изгубила 3,5 трилиони тони мраз од 2011 година, со што се произведува доволно вода за да се подигне нивото на светските океани и да се одржат крајбрежните заедници во висока готовност поради опасноста од поплави.
Една третина од изгубениот мраз во последната деценија се случи во изминатите две топли лета – 2012 и 2019 година.
Сликите покажуваат значителни годишни варијации во топењето на мразот и во комбинација со температурните податоци покажаа дека топлотните шокови се зголемена причина за губење на мразот – повеќе од зголемување на глобалните температури.
– Како што видовме во другите делови на светот, Гренланд е исклучително чувствителен на зголемување на екстремните временски настани – рече Томас Слејтер, водач на студијата во Центарот за поларни набљудувања и моделирање на Универзитетот во Лидс.
– И како што се зголемува затоплувањето, треба да се очекува дека топењето на Гренланд ќе се случува почесто – вели Слејтер.
Предвидувањето колку топењето на Гренланд ќе придонесе за зголемување на нивото на морето е тешко за научниците, кои исто така мора да го земат предвид зголеменото топење на другите глечери.
Како што океаните се загреваат и водата се шири, така се зголемува и нивото на морето.
Авторите на студијата рекоа дека сателитските податоци им овозможиле брзо и прецизно да проценат колку мраз е изгубен на Гренланд во таа година и да го претворат во пораст на нивото на морето.
– Процените на моделите сугерираат дека ледената покривка на Гренланд ќе придонесе за зголемување од 3 до 23 сантиметри на глобалното ниво на морињата до 2100 година – рече коавторот на студијата Амбер Лисон од Универзитетот во Ланкастер во Британија.
– Ова ќе ни овозможи подобро да го разбереме сложениот процес на топење на мразот… и ќе ни овозможи подобро да го процениме идниот пораст на нивото на морето – рече таа.