🎥 ЕКСТРАВАГАНТНА КАКО И СЕКОГАШ Розови пердуви насекаде околу Лејди Гага

На самиот почеток на отворањето, популарната американска пејачка и танчарка Лејди Гага ја крена публиката на нозе. Лејди Гага пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „Добредојдовте во Париз“.

899

Олимписките игри во Париз беа официјално отворени со спектакуларно шоу што се одржа на брегот на Сена вчеравечер. На самиот почеток на отворањето, популарната американска пејачка и танчарка Лејди Гага ја крена публиката на нозе. Таа пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „Добредојдовте во Париз“.

Лејди Гага пееше и танцуваше во кабаре стил опкружена со неколку танчари и со многу розови пердуви. Таа носеше црна модна комбинација, а црна облека носеа и нејзините танчари. Популарната пејачка слезе по скалите во елегантен црн фустан, а само неколку моменти подоцна остана во црн корсет и во тесен шорц.






Лејди Гага ја испеа на француски јазик песната „Mon truc en plumes“ од Зизи Жанмарис.

Пејачката пред неколку дена пристигна во Париз. Во филмот „Ѕвездата е родена“ таа ја отпеа песната „La Vie en Rose“ од познатата француска пејачка Едит Пјаф.

На свеченоста присуствуваат бројни познати личности од светот на спортот, забавата и на политиката.

Поврзани содржини