ДИЛЕР ОД ВЕЛЕШТА ЕКСТРАДИРАН ОД АЛБАНИЈА ВО АВСТРИЈА Монди Гитлан оди во австриски затвор поради дрога

Македонскиот државјанин Монди Гитлан од Велешта е екстрадиран од Албанија во Австрија, каде што е осуден на пет години затвор за трговија со дрога.

388

Албанските власти денеска го екстрадираа македонскиот државјанин Монди Гитлан во Австрија, каде што е осуден на пет години затвор поради трговија со дрога.

Според информациите објавени од албанските медиуми, операцијата е резултат на координирани активности меѓу Дирекцијата на Интерпол Тирана и австриската полиција, со што беше финализирана постапката за негово предавање на австриските власти.






– Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција на лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Македонија – соопштија албанските медиуми.

Судот во Виена во мај годинава го прогласил Гитлан за виновен за трговија со дрога, а поради тоа била распишана меѓународна потерница.

Тој беше уапсен на почетокот на септември на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, додека се обидувал да ја напушти Албанија.

Со денешната екстрадиција, 29-годишниот Гитлан ќе ја одслужи затворската казна во Австрија, каде што веќе е предаден на надлежните органи.

Поврзани содржини