Експресно слетаа 30.000 вакцини „Синовак“ од Турција

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани.

438

Денеска пристигнаа 30.000 вакцини од производителот „Синовак“ како донација од Турција.

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и до претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.






Во последните недели е опаднато темпото на вакцинација во земјава поради недостиг на вакцини. Се даваат главно дози за ревакцина.

До вчера бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Поврзани содржини