ЕКСПРЕСНА ЕЛИМИНАЦИЈА И ЗА ТРЕТИОТ МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЕЦ ВО ПАРИЗ Шерифовски не успеа да направи изненадување

Македонскиот џудист Еди Шерифовски во Париз беше поразен од Бразилецот Гиљерме Шмит.

854

Настапот на Олимписките игри во Париз заврши и за третиот македонски претставник. Џудистот Еди Шерифовски не успеа да направи изненадување против Гиљерме Шмит од Бразил. Бразилецот  ја оправда фаворитската улога и го елиминираше нашиот претставник Еди Шерифовски со 11-0, односно со ипон.

Се работи за светски шампион во џудо кој има големо реноме и успеси на големи натпреварувања.






Во осминафиналето Бразилецот ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Антонио Еспозито (Италија) и Валентин Хуинато (Бенин).

Шерифовски е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап во Париз. Пред него настапот олимпискиот настап експресно го завршија Никола Ѓуретановиќ во пливање и Анастасија Мојсовска во стрелаштво.

На Олимписки игри во Париз треба да настапат уште тројца македонски претставници. На 8 август на олимписките борилишта ќе се појават Миљана Рељиќ (теквондо, категорија до 57 килограми) и Владимир Егоров (борење слободен стил, категорија до 57 килограми), а на 10 август Дарио Ивановски ќе го трча атлетскиот маратон.

Поврзани содржини