Експлозии во заложничката драма во Луцк – грабнувачот фрли граната (ВИДЕО)

444

Eксплозии се слушнаа во украинскиот град Луцк, на местото каде вооружениот напаѓач држи  заложници, соопшти телевизијата „Канал 24“.

– Предмалку се слушнаа три експлозии. Едната од нив беше експлозија, а другите две беа сомнителни тресоци. Војниците што беа до мене кажаа дека станува збор за звук на граната. Се виде и облак од чад  –  јави известувачот на телевизијата од местото на настанот.






Според агенцијата УНН, експлозијата се случи околу 15:20 часот по московско време.

– Се знае дека терористот од автобусот фрли неидентификувана експлозивна направа, што потоа експлодира. Никој не е повреден –  пренесе агенцијата.

Човек кој се претставил како Максим Плахој, претходно зеде 20 патници од автобус во украинскиот град Луцк за заложници. Во моментот полицијата преговара со него.

Поврзани содржини