🎥ЕКСПЛОЗИИ ВО ДУБАИ, ЕВАКУИРАНА ЗГРАДАТА БУРЏ КАЛИФА Туристите побрзаа на аеродромот, ама летовите се откажани

Жителите на Дубаи во километарски колони на автопатите го напуштаат градот.

2

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во областа над Дубаи, во Обединетите Американски Емирати, откако Иран почна со одмазнички напади врз американските бази во регионот по денешните напади на САД и Израел врз ирански цели.

Жителите пријавија детонации во близина на областа каде што се наоѓаат американските воени објекти, а во Дубаи властите го ја евакуираа позната зграда Бурџ Калифа како мерка на претпазливост.

 






Туристите добија итни предупредувања да се засолнат.

Аеродромот во Дубаи е преполн со патници, но летовите засега се откажани.

Жителите на Дубаи во километарски колони на автопатите го напуштаат градот.

Експлозии се слушнаа и во Доха, Катар, кратко откако Министерството за одбрана на Катар објави дека сите ракети во „втората рунда“ ирански напади врз земјата се успешно пресретнати.

Силни експлозии потресоа неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Дубаи, Ријад, Абу Даби и Доха, предизвикувајќи евакуации и подигнување на нивото на безбедност во регионот.

Во Доха, експлозиите се случија кратко откако Министерството за одбрана на Катар објави дека сите ракети во „втората рунда“ напади врз земјата се успешно пресретнати. Во ново соопштение, Катар изјави дека го задржува правото да одговори во согласност со меѓународното право, остро осудувајќи ги ракетните напади како „грубо кршење на националниот суверенитет“ и „директен напад врз безбедноста на земјата“.

Поврзани содржини