🎥 ЕКСПЛОЗИИ ВО БАХРЕИН, ВО ЕМИРАТИТЕ… Иран ги гаѓа американските бази со ракети, „гори“ Блискиот Исток

Бахреинската државна новинска агенција БНА, објави дека со ракета е погоден Центарот на Петтата флота на американската морнарица.

481

Иран ги нападна американските воени бази на Блискиот Исток, според медиумите, експлозии има во базата во Бахреин и во Абу Даби, ОАЕ.

Бахреинската државна новинска агенција БНА, објави дека со ракета е погоден Центарот на Петтата флота на американската морнарица.






Оваа американска база во Бахреин е најголемата поморска база во Персискиот Залив. Таа обезбедува логистичка поддршка за бродови, снабдување, поправка на бродови и игра централна улога во американските воени операции во регионот.

Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на платформата Икс дека се активирани сирените за предупредување и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште.

Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите „насочени кон локации и објекти во границите на Кралството“ биле извршени надвор од нејзината територија.

Медиумите известуваат дека експлозии се слушнале и во Абу Даби, град во Обединетите Арапски Емирати, каде што има американска воена бази. Дописничката на „Скај њуз“, Сали Локвуд, известува дека и во Дубаи се слушнала силна експлозија.


Овие извештаи сè уште не се официјално потврдени. Но, американски функционер за Ен-Би-Си Њус изјави дека Иран возвраќа со напади врз повеќе американски воени објекти низ целиот Блиски Исток.

 

Властите во Катар, каде исто така има американска воена база, издадоа предупредувања преку мобилни телефони, повикувајќи ги луѓето да останат во затворен простор.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Катар, нивните системи за пресретнување ракети успеале да пресретнат иранска ракета што била насочена кон земјата.

Иранската државна телевизија објави ирански напади врз четири американски бази низ регионот.

„Воздухопловната база Ал Удеид во Катар, базата Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати и базата на Петтата флота на САД во Бахреин беа цел на ирански ракетни напади“, се вели во извештајот на државната телевизија.

„Иран изврши ракетни напади врз американската база во Бахреин. Бахреин е клучен сојузник на САД во Персискиот Залив и постојан домаќин на седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Манама“, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.

Иранската исламска револуционерна гарда објави дека започнала контранапад, објави новинската агенција Тасним.

„Како одговор на непријателскиот и криминален напад врз Исламската Република Иран, започна првиот широк бран ракетни и беспилотни напади од страна на Исламската Република Иран против окупираната територија“, се вели во соопштението.

🎥 ИЗРАЕЛ И САД ГО НАПАДНАА ИРАН Техеран се подготвува за одмазда

Поврзани содржини