🎥 ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНАА ВО ФИНАНСИСКИОТ ЦЕНТАР НА ДУБАИ Се крена голем облак од чад

Засега нема информации за загинати или повредени.

165

Експлозии одекнале изутринава во централниот дел на Дубаи, а над дел од градот бил забележан густ црн чад. Според првичните информации од властите во Обединети Арапски Емирати, противвоздушната одбрана пресретнала проектил или дрон, при што остатоци паднале врз објект во делот на финансиската четврт.

Оштетена била фасада на зграда во близина на Дубаи Интернешнл Фајненшл Центар, еден од главните деловни и финансиски центри во градот. Засега нема информации за загинати или повредени, а штетата се опишува како ограничена.






Инцидентот доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток, при што повеќе земји во регионот пријавуваат пресретнати ракети и дронови. Властите во Емиратите засега не соопштуваат дополнителни детали за потеклото на нападот.

Претходно западни медуми известија дека заканите на Иран, упатени кон банки и финансиски институции поврзани со САД и Израел на Блискиот Исток, доведоа до евакуација на дел од финансискиот кварт во Дубаи.  Дел од компаниите им наложиле на вработените привремено да работат од дома, како мерка на претпазливост.

 

ЕВАКУИРАН ФИНАНСИСКИОТ КВАРТ НА ДУБАИ Банки ги испразнија канцелариите поради безбедносни ризици

 

Поврзани содржини