Експлозии на подвижни тоалети во Питсбург 

328

Во рок од една недела во Питсбург, Пенсилванија, се случија експлозии на два подвижни тоалети, јавија синоќа американските медиуми.

Првата направа експлодирала минатиот четврток во тоалет поставен на градилиште, втората е од вчера и експлодирала во близина на пожарна служба во центарот на Питсбург.






Како во првиот така и во вториот случај, полицијата утврди дека била употребена експлозивна направа за да се оштети тоалетот. Се проценува дека активирањето и на двете направи се случило во ноќните часови.

Полицијата сеуште ги истражува двата инцидента.

Поврзани содржини