📽️ 📷 ЕКСПЛОЗИЈА ВО РИМ Плинска боца урна зграда, две лица сериозно повредени
Сериозни повреди, урнати згради и 70 евакуирани лица, силната експлозија од плинска боца предизвика хаос во римскиот кварт Пијана дел Соле.
Најмалку две лица се сериозно повредени, а уште две се повредени во експлозија на плинска боца во римскиот кварт Пијана дел Соле, која предизвика уривање на мала зграда, пренесуваат италијанските медиуми.
Според Месаџеро, најмалку 70 лица биле евакуирани од околните објекти. На местото на трагедијата интервенирале бројни противпожарни бригади, полиција и служби за итни случаи. Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат меѓу урнатините за да утврдат дали има лица закопани.
Очевидци сведочат за силата на експлозијата која го потресла целиот кварт.
– Прозорците на мојата куќа беа скршени – вели еден жител кој живее веднаш до местото на несреќата. Кристијан, жител на Виа Демонте, околу 50 метри од експлозијата.
Esplode una bombola di gpl, crolla una palazzina a Roma: due feriti gravi. Settanta sfollati, danni alle macchine in sosta https://t.co/K3PbJNGpZD @leggoit
— Mummy (@mummy53690440) March 22, 2026
– Бевме дома и во еден момент слушнавме силен тресок, а парче дрво влета во нашата кујна. Ударот дури ги искриви и прозорците на нашата куќа – додава тој.
Остатоците од експлозијата летаа и до 200 метри, што ја покажува нејзината моќ. Прозорците на две соседни згради исто така биле скршени, пренесува „Рома Тудеј“.
Марко Палма, советник на партијата „Браќа на Италија“ во 11-тиот округ, беше меѓу првите кои објавија видео снимки од трагедијата, прикажувајќи ги урнатините и сведоштвата на локалните жители.
Иако најверојатната причина за експлозијата е неисправна плинска боца, истрагата ќе ги утврди сите околности на несреќата.
View this post on Instagram