ЕКСПЛОЗИЈА, ПА ПОЖАР Кафеана во Капиштец горела по полноќ

20,510

Денеска во 02.15 часот по полноќ, чувар во угостителски објект на улица Народен фронт пријавил во Полициската станица Центар дека околу 01.50 часот во објектот слушнал експлозија, по што настанал пожар, со кој бил зафатен инвентарот на објектот, информира МВР.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот во скопската населба Капиштец, а повредени лица нема.






Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

Поврзани содржини