ЕКСПЛОЗИЈА НА СТАДИОН ЗА КРИКЕТ ВО КАБУЛ Повредени најмалку 4 лица (ВИДЕО)

Изворот наведе дека персоналот и играчите биле на безбедно место во време на инцидентот.

151

Четири лица се ранети во експлозија на граната на стадион за крикет во Кабул за време на натпревар од домашното првенство, соопшти синоќа авганистанскиот Комитет за крикет (ACB).

– За време на натпревар од Шпагеза лигата се случи експлозија, а четири цивили во публиката се ранети – изјави изврпниот директор на ACB, Насиб Кан.






Истиот извор наведе дека персоналот и играчите биле на безбедно место во време на инцидентот.

Крикетот е исклучително популарен спорт во Авганистан, а националната репрезентација и натаму постигнува добри резултати на меѓународната сцена и покрај ограничените ресурси и нестабилната состојба во држава.

Поврзани содржини