🎥 ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО УНГАРСКАТА РАФИНЕРИЈА МОЛ Се стравува дека рафинеријата ќе треба да запре со работа
Според последното соопштение на Националната општа администрација за заштита од катастрофи, пожарот избувнал во фабриката за преработка на суровини. Имало и експлозија.
Во рафинеријата за нафта на MOL во унгарскиот град Шажаломбата синоќа избувна пожар, а локалните жители пријавија силна експлозија и голем облак од чад.
Иако пожарот беше локализиран, интервенцијата траеше до раните утрински часови, а причината за несреќата сè уште се истражува.
Во инцидентот нема повредени, но според неофицијални информации, постои можност за запирање на работата на целата рафинерија, пишува Index.hu.
„Во тек се официјални и внатрешни истраги за да се утврди причината за несреќата. MOL прави сè за да воспостави безбедно работење на фабриката во најкраток можен рок“, се вели во соопштението на компанијата.
Според последното соопштение на Националната општа администрација за заштита од катастрофи, пожарот избувнал во фабриката за преработка на суровини. Имало и експлозија.
Жителите сведочат дека на несреќата ѝ претходела силна експлозија, по што се издигнал густ чад, а потоа се огласиле сирени.
„Пред петнаесет минути се разбудивме и дознавме дека една од фабриките на Мол до нас експлодирала. Небото е црвено од пламен“, напишал еден од мештаните за порталот Борс.
Последниот сличен инцидент е забележан во јули оваа година, кога од фабриката се издигнал црн чад поради дефект во технолошката опрема, што барало зголемено согорување на гас.