ЕКСПЛОДИРА БОМБА ПРЕД СУДОТ ВО ПОДГОРИЦА! Бомбашот се разнел, уште петмина повредени (ВИДЕО)

Судот последниве недели беше изложен на лажни дојави и закани со бомби. Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипите на брзата помош, полицијата и противпожарната единица.

486

Едно лице загина, a пет се повредени во експлозија на бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица, кој деновиве беше мета на анонимни закани за подметнати бомби.

Во експлозијата загинат е триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ, кој ја активирал експлозивната направа, информира полицијата.






„Во 11.35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека загинал М. Б. (39), кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени, кои се пренесени во Клиничкиот центар“, рече Срѓан Кораќ од полициската управа.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипите на брзата помош, полицијата и противпожарната единица.

Минатата недела поради закана за бомба беше евакуирана зградата на Собранието во Подгорица каде во тој момент требаше да се одржи состанок на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите. Наводно, во судот била најдена белешка на која пишувало „Сите ќе ве разнесам“. Подоцна беше утврдено дека пораката ја оставило дете на возраст од десет години, објави црногорски „Вијести“, што подоцна го потврдија и полициски извори.

Наводно, момчето било дојдено во судот со татко му и ја напишало пораката претходниот ден. Нека информации дали момчето е поврзано со 39-годишниот Младен Булатовиќ кој денеска ја активирал експлозивната направа пред судот.

Поврзани содржини